Македонија,Економија

Seavus се шири во Македонија

Seavus се шири во Македонија

Најголемата софтверска компанија во Македонија, „Seavus“, продолжува со својата експанзија во земјата. Водени од желбата за поголем развој на ИТ индустријата во државата, оваа компанија ќе отвори можност за околу 400 нови вработувања, објавува новинсиата агенција Макфакс, пренесува Нетпрес.

Како следен чекор, „Seavus“ таргетираше уште осум градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри. Станува збор за следниве градови: Гостивар, Тетово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Радовиш, Делчево и Пробиштип.

Со ова „Seavus“ се вбројува во една од ретките компании во државата кои придонесуваат кон развојот на помалите градови, инвестирајќи во развојот на домашните ИТ специјалисти низ целата земја.

На почетокот од годинава, „Seavus“ отвори канцеларија во Охрид, а веќе три години успешно функционира и канцеларијата во Битола.

Оваа иницијатива е дел од стратегијата за експанзија на компанијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа во кој веќе функционираат канцелариите во Белград, Ниш и Крагуевац.