Спорт

Себастијан Кои е нов претседател на ИААФ

Себастијан Кои е нов претседател на ИААФ
Себастијан Кои е нов претседател на Светската атлетска федерација

Кои доаѓа на местото од досегашниот претседател, Сенегалецот Ламин Дијак, а негов против кандидат за ова место беше Сергеј Бубка, легендата во скок со стап.

На изборот за претседател на ИААФ, кој се одржа во Пекинг, Кои освоил 115 гласа, наспроти 92 кои ги освоил Украинецот.

Коу е двократен олимписки шампион на 1.500 метри
Коу е двократен олимписки шампион на 1.500 метри

Кои е двократен олимписки шампион на 1.500 метри, поранешен парламентарец на Конзервативната партија и претседател на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Бубка, кој го задржа потпретседателското место на ИААФ, му посака успех на новиот претседател во водењето на спортот на кој и двајцата ги посветија своите животи.