Македонија

Себастијан Курц во официјална посета на Македонија

Себастијан Курц во официјална посета на Македонија

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија,  Себастијан Курц денеска престојува во во официјална посета на Република Македонија на покана од министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Се очекува министрите Попоски и Курц да разговараат за можностите за натамошно зајакнување на севкупните билатерални односи и соработка, за европската интеграција на Македонија и Балканот, како и за регионалната соработка, особено во контекст на Централно-европската иницијатива, со која Австрија претседаваше минатата година, а Македонија претседава оваа година.

Австрија годинава ќе биде домаќин на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, која се планира да се одржи во август, како продолжение на минатогодишниот состанок во Берлин.

За време на официјалната посета, австрискиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.