Македонија

Седежум мажи со скршени пениси завршиле на Урологија

Седежум мажи со скршени пениси завршиле на Урологија

Годинава 7 мажи со скршени пениси завршиле на Клиниката за урологија. Последниот ваков случај бил регистриран пред една недела, дознава zdravstvo24 од лекари од Клиниката.

Во доцните вечерни часови на Клиниката дошол маж на околу 30 години кој се жалел на силна болка на половиот орган. По извршениот преглед дежурниот уролог констатирал дека се работи за фрактура на пенисот. Пациентот имал среќа бидејќи се здобил со помала повреда при сексуалниот однос, па поминал само со шиење на пенисот. Уролозите кои ги консултираше zdravstvo24 велат дека кај ваквите пациенти задолжително сe отвораат половите органи за да се види за какви повреди станува збор и дали евентуално се оштетени крвните садови и мочоводот. Некои од пациентите имале и вакви сериозни повреди, велат од Клиниката.

Уролозите за zdravstvo24 објаснуваат дека фрактурата на машкиот полов орган се случува кога за време на сексуалниот однос пенисот не е во полна ерекција и поради тоа доаѓа до свиткување на органот. Пенисот помодрува, отекува, а под кожичката се јавува хематом. Овие лица задолжително треба да дојдат во болница, велат хирурзите. После операцијата и шиењето уролозите на пациентите им препорачуваат најмалку еден месец да немаат сексуален однос. Првите неколку дена им се дава и терапија за да се спречи ноќна ерекција. Но, имало и ситуација кога мажот не знаел дека му е скршен пенисот, бидејќи немал болки. Лекарска помош побарал откако го забележал хематомот на половиот орган. Според уролозите во вакви случаи доаѓа до деформитет и искривување на пенисот. Секоја година на Клиниката за урологија имаат по 10 до 12 вакви случаи, најчесто во летниот период и тоа во вечерните часови.