Седма самостојна изложба на Горан Менков

Денеска во организација на галеријата за современа уметност FLUX, со почеток во 20:00 ќе биде отворена 7-та самостојна изложба на академскиот уметник Горан Менков, под наслов „Што е потребно да се постане дијамант?“

Со оваа поставка авторот се доближува до големите нарации, предизвикувајки го апсурдот, трансендентирајки ги разликите мегу формите суштински еднакви, Дијамантот и Графитот, кои се во основа само две варијации на еден елемент, Јаглерод- темелот на сиот знаен живот.

Дијамантот е најцврстиот материјал познат на човекот, низ целиот овој процес се доаѓа до одговорот на веќе поставеното прашање кое општо познат но често заборавен- потребно е притисок и трпение за да се постане дијамант.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура.