Крими хроника

Седмиот обвинет во „Монструм“: Таа ноќ играв „кантер“, а за убиството дознав на „Фејсбук“

Седмиот обвинет во „Монструм“: Таа ноќ играв „кантер“, а за убиството дознав на „Фејсбук“
Трет старт на судскиот процес за маскрот кај Смиљковското Езеро, на клупата петтмина обвините, на двајцата директни извршители на убиството ќе им се суди во отсуство.
Последниот приведен, Сами Љута, обвинет дека бил логистика на велигденскиот масакр, денеска пред судот кажа дека се познава со браќата Исмаиловиќ, а се дружел со обвинетиот за помагање на тероризам Хаки Азири, додека за неговиот чичко Фејзи Азири само слушнал, а Сејди Рами воопшто не го знае. Тој додаде не е виновен и дека не знае зошто е тука и зошто го поврзуваат со убиството.
Љута, кој беше приведен на крајот на месец август денеска пред судот истакна дека на кобниот 12-ти април бил втора смена на работа во Интернет кафуле каде играл „Кантер страјк“ со зет му и неколку лица од маалото. Според неговите зборови, тој прво, работел на фасадата на куќата на деверот на сестра му, а потоа од околу 17 часот заминал во Интернет кафулето на зет му познато како „Ебунет“ во близина на хотелот „Калабрија“ во Чаир. Веста за убиството ја прочитал на „Фејсбук“ која што била објавена на некој албански портал.
Од останатите обвинети, рече дека се знае со браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, бидејќи работел на реконструкција на таванот на нивното Интернет кафе со гипс картон. Го препорачал Алил Демири, биле другари, а според него последен пат се слушнале на 25-ти април 2012 година.
Од сите обвините тој рече дека најдобро го познава Хаки Азири, прво се запознале преку Интернет, а потоа и лично, па пријателството им продолжило. Оделе на кафе, работеле во куќта на Хаки, а често и оделе во џамијата Јаја Паша, каде неколку пати, иако не можеше да се сети кога, се сретнале со браќата Исмаиловиќ.
Љута истакна дека не знае каде е Смиљковското езеро, а на прашањето на судијата, дали е рибар и каде најчесто рибари, рече дека со семејството рибарат на Лепенец, а некогаш во Дебар и Велес, но никогаш на местот на маскарот.
Одговарајќи на прашање, обвинетиот Љута рече дека често се гледал со Хаки Азири, некогаш сами, некогаш во кафеана, оделе и во чајџилницата на Африм Исмаиловиќ во Чаирчанка. Овој податок Агим не го кажа кога судијата го праша дали Љута доаѓа во чајџилницата која брат му ја држел во 2010 година, тој рече дека не може да се сети, но истакна дека го знае Љута бидејќи им местел гипс картони во дуќанот.
Исмаиловиќ, Рами и Азири останаа на своите изјави дадени на 9 јануари, а Хаки Азири на изјавата кога ја даде следниот ден, без измени и дополнувања. Во своите кратки излагања Сејди Рами и Фејзи Азири нагласија дека не се виновни за делата кои се товарат.
Очекувано беше дека Љута ќе ги негира обвиненијата, но прашан од новинарите како ќе ги негираат материјалните докази, неговиот адвокат Насер Рауфи истакнка дека обвинителството не поседува материјални докази, односно, подвлече Рауфи, обвинителството нема никаков доказ, ни за овој, ни за другите докази.
„Ние приложивме наши материјални докази, кои се дел од предметот и се прифатени од обвинителството и кога ќе се изгледаат, тоа се конкретно цедиња, ќе се докаже дека Љута воопшто не ни бил, како впрочем и другите, на местото на убиството“, рече адвокатот Насер Рауфи.
Одговарајќи на новинарско прашање тој, како што потенцираше, според информациите од неговите колеги од Косово, засега нема информација за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири.
„Се собраа и ни ги утепаа децата, една чета искочија од таму, се’ слушнавме само нарачетел не слушнавме. Слушнавме убијци, пазачи, возачи, само нарачател не слушнавме“, изјави еден од родителите на четворицата убиени на брегот на Смиљковското езеро.
Судскиот процес за петкратното убиство кое ја зави Македонија во црно продолжува на 18-ти декември, а тогаш се појави и заштитениот сведок, но ќе биде затворено за јавност.