Магазин

Седмиот роман на Умберто Еко, вистински хит во Италија

Седмиот роман на Умберто Еко, вистински хит во Италија

Книжевникот Умберто Еко, авторот на класиците од современата литература „Името на розата“ и „Нишалото на Фуко“, објави нов роман под назив „Numero Zero“ (Нулта издание) во кое обработува повеќе теми, меѓу кои „Мусолини, медиумски манипулации, озборувања и убиство“.

Станува збор за седмиот роман на писателот, есеист, филозоф и есеист, којшто веднаш по објавувањето стана апсолутен хит во Италија, искачувајќи се на врвовите на бестселер листите.

Главен протагонист во делото е пропаднатиот писател Колона, кој е исклучително начитан губитник, којшто ќе прифати добро платена, но необична работа, поради што животот ќе му се смени целосно.

Во април 1992 година Колона во Милано прифаќа понуда како писател во сенка да напише книга за едногодишното работење во фиктивниот дневен весник Домани.

Редакцијата на весникот има задача во текот на година дена да произведува десетина симулации на неговите „нулта изданија“, на кои, не им е судено да излезат од печат.

Шестмина новинари и уредници само треба да измислуваат сензионалистички текстови во кои се предвидуваат политички и социјални немири и разоткриваат шокантни вистини коишто би можеле да ја уништат репутацијата на богатите и моќните.

Целиот проект е спонзориран од ексцентричен тајкун, кој со уцени сака да купи пат во клубот на богатите.

Паралелно со оваа, се одвива и приказната за симнувањето на Бенито Мусолини и неговата љубовница во 1945-тата година на езерото Комо и тако низ параноичните теории на еден од уредниците во весникот, уверен дека симнувањето на Мусолини е лажирано во склоп на пошироката завера на фашистите.

Еко почнал да го пишува овој роман уште во 1994-тата година, веднаш откако беше објавен неговиот роман „Островот од претходниот ден“, но некои од ликовите премногу го потсеќале на ликовите од романот „Нишалото на Фуко“ поради што одлучил да го стави во мирување.

Во меѓувреме ги објави романите „Баудолино“ и „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“.

Инаку, најновиот роман на Еко ќе биде преведен на англиски јазик кон крајот годинава.