среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 55

Седница на Анкетната комисија за Фабриката за афери

Анкетната комисија за Фабриката за афери денеска во Собранието на Република Македонија треба да ја одржи првата седница.

pratenici-sobranie500

Поврзани вести

Анкетната комисија за Фабриката за афери денеска во Собранието на Република Македонија треба да ја одржи првата седница.

Собраниската Анкетна комисија ќе расправа за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. На денешната седница членовите треба да го усвојат Деловникот на Анкетната комисија и да постигнат договор за начинот како ќе работат.

За претседател на Комисијата беше избран Илија Димовски, потпретседател, Љупчо Димовски, а за членови Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев, Драган Данев, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Газменд Алији и Солза Грчева.

Пратениците од опозициските партии кои, исто така треба да имаат место во Комисијата најавија дека нема да учествуваат во нејзината работа.

Најчитани вести