понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Седница на ДИК: Ќе се расправа за спорните гласачи во избирачкиот список

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски ја свика 48-та седница на Државната изборна комисија.

dik

Поврзани вести

Претседателот  на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски ја свика 48-та седница на Државната изборна комисија.

Седницата ќе се оддржи попладнево во салата за седници во седиштето на Државната изборна комисија, а на дневен ред се повеќе точки.

Меѓу другото ДИК денес ќе расправа за упатството за постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, ќе биде донесен Заклучок за објавување на списокот на спорните записи на веб страната на ДИК, понатаму ќе се расправа за Јавниот повик и Образецот, односно пријавата за пријавување на лицата.

Исто така ќе се расправа и за информацијата од ИТ секторот за состојба со гласачите чии што список треба да биде објавен на веб страната на ДИК, како и за одлуката за отварање канцеларии на ДИК во  седиштата на единиците на локалната самоуправа каде ќе се спроведува пријавувањето.

Најчитани вести