вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 4

Седница на ДИК за активностите за Избирачкиот список

DIK

Поврзани вести

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која треба да биде презентиран извештај за спроведените активности на информатичката експертска група за процесите на внесување, нормализирање и чистење на базите на податоци добиени од институциите.

На дневен ред е и Предлог-план за проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологијата за водење и ажурирање на избирачкиот список.

Членовите на ДИК треба да донесат и заклучок за објавување на Избирачкиот список на веб – страницата на ДИК, со име, презиме и адреса на избирачот.

На седницата треба да биде разгледан и усвојување на Годишниот извештај за завршна сметка на ДИК за 2015 година.

Најчитани вести