Македонија,Политика

Седница на ДИК за промена на логото за претседателските избори

Седница на ДИК за промена на логото за претседателските избори

Државната изборна комисија денеска треба да одржи седница на која ќе биде разгледано барањето на група избирачи за промена на логото под кое ќе се претставува претседателскиот кандидат Илијаз Халими од Демократската партија на Албанците.

Седницата требаше да се одржи вчера, но поради неприсуство на сите членови, претседателот Никола Рилкоски ја одложи за денеска.

Предизборната кампања за претседателските избори почнува од понеделник и ќе трае до 11-ти април. Првиот круг од изборите е закажана за 13-ти април. Во трката за шеф на државата влегуваат четворица кандидати актуелниот претседател Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски со поддршка од Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.