Седница на Државната изборна комисија

 Државната изборна комисија денеска треба да одржи седница на која, меѓудругото, треба да го утврди начинот на постапување по прашањата од теренската проверка.

На седницата, како што соопшти ДИК, треба да биде усвоен и Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на избирачкиот список врз основа на правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список, заклучно со 12 април 2016 година.