Седница на израелската влада во подземен бункер

Израелскиот безбедносен кабинет, тело коешто го сочинуваат клучните владини министри и премиерот Бенјманин Нетанјаху, започнал да ги одржува своите седмични седници во безбеден подземен бункер во Ерусалим, објавија во вторникот израелските медиуми.

Овој бункер, познат под називот „Национален центар за управување“ првпат е користен за состанок на безбедносниот кабинет во 2011 година. Се наоѓа под владиниот комплекс во Ерусалим, и вклучува простории за живеење и командни објекти.

Медиумските извештаи за сегашните седници доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран. Израел претходно месецов го обвини Иран за ракетирање на окупираниот дел од Голанската висорамнина од Сирија, и возврати со најсилните воздушни и ракетни удари во Сирија од почетокот на сириската војна во март 2011 година.

„Министрите ни рекоа дека една од клучните причини за овој потег е желбата на Нетанјаху уште посилно да го спречи истекувањето на информации, како и од страв од шпионирање на непријателските сили“, јави израелскиот Kanal 10. „

Претходно во вторникот весникот Haaretz објави дека Израел е првата земја на светот којашто во борба го користела најнапредниот американски борбен авион од типот „F-35“, што го потврди командантот на израелското воено воздухопловство.

Генерал-мајорот Амикан Норкин изјавил на конференцијата на дваесеттината челници на воздухопловни сили во Израел. Додал дека „F-35“ бил користен во „оперативни напади на две различни боишта“.

Повеќенаменскиот авион, кој чини 100 милиони долари, е најскапиот американски борбен систем. Израел во декември 2016 година ги доби првите два од планираните 50 примероци. Израел и сега доминира во воздушниот простор на Блискиот исток и изведе десетици воздушни удари против иранските воени претставници и против либанското шиитско движење Хезболах во Сирија.

Според произведувачот „Lockheed Martin“, авионот од моделот „F-35“ е невидлив за радарите и може да се користи во акции во коишто досега мораше да се користат други модели на тесно специјализирани авиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.