Македонија

Седница на Националниот совет за евроинтеграции

Седница на Националниот совет за евроинтеграции

Првата седница на Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе се одржи во овој состав на Парламентот.На седницата ќе се расправа за извештаите за реализираните активности од националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2014 година за периодот од 1 јануари оваа година до 31 март.

Седницата се очекува да ја води пратеникот Илија Димовски кој е заменик-претседател имајќи предвид дека пратениците од опозицијата не учествуваат во работата на Парламентот.

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи и Комисијата за култура.

Пратениците треба да го разгледаат Предлог – буџетот на Република Македонија за 2015 година во делот што се однесува на културата.