Седница на Собранието – Главна точка потпретседателите

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи третата седница на која на дневен ред е Предлог одлука за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.

Со Предлог-одлуката поднесена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, се предлага Собранието да има тројца потпретседатели.

Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието на Република Македонија по предлог на претседателот на Собранието, а кои се изибраат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1. СДСМ освои 34 пратенички места но одлучи да не учествува во работата на Собранието.

На дневен ред се и предлог-одлуките за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.