Седница на Советот за безбедност на Македонија

Советот на безбедост на Република Макдонија денес ќе одржи седница која ќе се одвива во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во Вила Водно.

Советот за безбедност ќе заседава во состав: Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, Трајко Вељаноски претседател на Собранието, Никола Груевски претседател на Владата, Зоран Јолевски министер за одбрана, Гордана Јанкулоска министер за внатрешни работи, Никола Попоски министер за надворешни работи, како и Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.