вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 34

Седницата за извештајот на СЈО ќе продолжи утре

Јанева рече дека не се враќа повеќе на седницата бидејќи пратениците и прават класичен мобинг.

Последни вести

Претседателот на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Влатко Ѓорчев поради немање деловнички услови за работа ја закажа за утре седницата на која се расправа по Извештајот на Специјалното јавно обвинителство.

Претходно специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците изјавувајќи дека ќе дојде само на Пленарната седница на која ќе биде разгледуван Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Јанева рече дека не се враќа повеќе на седницата бидејќи пратениците и прават класичен мобинг.

Претходно искористувајќи ја можноста како одговор на прашањата на пратеничката Владанка Авировиќ, обвинителката испрати пораки до Врховниот суд, до Судскиот совет и до Јавнообвинителскиот совет.

Најчитани вести