Седници на четири собраниски комисии

Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања и за здравство.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог – законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, во второ читање, а Комисијата за политички систем треба да расправа за предлог-законите за изменување на законите за судска служба и за извршување на санкциите, по скратена постапка –  второ читање.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, по скратена постапка – второ читање, а пред Комисијата за здравство предлог законите за дополнување на законите за здравственото осигурување и за здравствената заштита, по скратена постапка, во второ читање.