Македонија

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите и за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за еднакви можности на жените и мажите, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за судските такси и дополнувањето на Законот за извршување на санкциите, двата во второ читање.