Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка.

Законодавно-правната комисија ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка, а дневниот ред ќе биде дополнет и со барањето за давање на автентично толкување на член 104 став 2 од Законот за работни односи, поднесено од пратеникот Зоран Илиоски и со барањето за давање на автентично толкување на член 17 точка 3 од Законот за данок на додадена вредност, поднесено од градоначалникот на Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.