Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за европски прашања.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за јавни набавки и на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во второ читање.

Комисијата ќе ги разгледа и Предлог-законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци, како и Предлог – законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, двата во второ читање.

Комисијата за европски прашања  ќе одржи Јавна расправа на тема: „ИПА 2 (2014-2020) перспективи и можности за искористување“.