Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат две собраниски комисии. Седници ќе имаат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правна комисија.

На дневен ред на двете собраниски комисии е Предлог – закон за утврдување на цени на водните услуги, по скратена постапка, во второ читање.