Седници на две собраниски комисии

Законодавно-правната и Комисијата за транспорт, врски и екологија денеска ќе заседаваат во Собранието на Република Македонија.

Пред Законодавно-правната комисија се предлог – измените и дополнувањата на законите за пожарникарството, за безбедност и здравје при работа и за здравјето на растенијата, сите во прво читање, Статутот на Агенцијата за електронски комуникации во втора фаза, како и Барањето за давање автентично толкување на член 10 од Законот за јавните набавки, а во врска со членовите 65 и 66 од Законот за водостопанствата, поднесено од пратеникот Зоран Илиоски.

Статутот на Агенцијата за електронски комуникации ќе го разгледа и Комисија за транспорт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.