Седници на повеќе собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија, за економски прашања, како и комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, во второ  читање, е единствената точка  по која ќе се расправа на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Комисијата за здравство ќе дискутираат по Предлог-законоте за дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, во второ читање и за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дневниот ред на седницата го има Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, во второ читање.

На агендата на денешната седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија и на Законот за управување со отпадот, двата во второ читање.

На дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања се Предлог-законот за дополнување на Законот за техничката инспекција, во второ читање и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат, исто така во второ читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, е точката за расправа на седницата на Комисијата за динансирање и буџет.

Законодавно-правната комисија ќе расправа меѓу другите по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за личната карта,  на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, како и за  Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите во второ читање.