Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за образование, наука и спорт, за економски прашања, за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правна комисија.

Пред Комисијата за образование се измените и дополнувањата на законите за основното и  за средното образование, двата во второ читање и по скратена постапка, како и измените на законите за високото образование и за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, двата по скратена постапка, во второ читање, поднесени од пратеницие Илија Димовски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Рафис Аљити и Олга Најденовска.

Комисијата за економски прашања ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај по скратена постапка во второ читање, Комисијата за транспорт ќе расправа по измените на Законот за градежно земјиште по скратена постапка, на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната клиничка болница во Штип, по скратена постапка во второ читање, додека пред Комисијата за труд и социјална политика се дополнувањата на Законот за агенциите за привремени вработувања, по скратена постапка во второ читање.

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа измените на Законот за договорен залог, по скратена постапка во второ читање, а членовите на Законодавно-правната комисија треба да распрваат по сите точки кои се на дневен ред на останатите комисии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.