Македонија

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика, Комисијата за прашања на избори и именувања и Законодавно-правната комисија.

Пред Комисијата за надворешна политика излагање ќе има министерот за надворешни работи Никола Попоски во врска со актуелните прашања од областа на надворешната политика. На дневен ред на Комисијата се и неколку предлог ратификации.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправа за Предлог – одлуката за именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

На седницата на Законодавно-правната комисија се измените на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, измените на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за безбедност на храната, измените на Законот за Судскиот совет, на Законот за патни исправи, Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за водните заедници, како и неколку предлог ратификации.