Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за европски и за економски прашања.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за европски прашања.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за Предлог-закон за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се: Предлог-закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје, Предлог-закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки сите во прво читање.