Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите на финасирање и буџет, за здравство и законодавно-правната.

На дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет се предлог законите за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, за изменување и дополнување на Законот за девизното работење, за дополнување на Законот за Централен регистар, за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, и на Законот за даночна постапка, сите во прво читање, како и Предлог законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, во второ читање.

Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во второ читање.

Законодавно правната комисија ќе разгледа повеќе ратификации и предлог закони во прво и второ читање меѓу кои и предлог законте за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, и на Законот за трговија, трите во прво читање.