Македонија

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за транспорт, врски и екологија и Законодавно – правната.

Предлог-законите за ратификација на конвенциите за заедничка транзитна постапка и за поедноставување на формалностите при трговија со стока се на дневен ред на Комисијата за надворешна полкитика и на Законодавно-правната комисија.

Второто читање од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај е пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе дебатираат и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за музеите и Законот за библиотеките, во второ читање.