Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет и за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисија за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг во прво читање предложен од пратеникот Павле Трајанов, годишните извештаи за работењето  на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2015 година и за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во Република Македонија во 2015 година и Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2015 година.

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на седницата ќе го разгледа Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител во прво читање.