Седници на три собраниски комисии

Комисиите за труд и социјална политика, за европски прашања и Законодавно-правната комисија денеска ќе одржат седници во Собранието

Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, на Законот за социјална заштита и на Законот за агенциите за привремени вработувања, сите во второ читање, се на дневниот ред на седниците на комисиите за труд и социјална политика и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги усвојуваат заклучоците од Надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош – ИПА во Република Македонија“. На 52.седница по завршувањето на 42-та, пратениците во Комисијата за европски прашања ќе расправаат и по Предлог-законот за електронските комуникации, во прво читање и Предлог-законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, исто во прво читање.