Македонија

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и комисијата за транспорт, врски и екологија.

Предлог-законот за спортска академија во прво читање е единствената точка за која ќе се расправа на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, на Кривичниот законик и Предлог-законот за прекршоци, сите во прво читање.

Комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница ќе расправа по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за градење и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.