Македонија

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисиите за надворешна политика, за транспорт врски и екологија и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика е ратификацијата на Договорот за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување помеѓу Република Македонија и Република Словенија, а пред нејзините членови платформата за дипломатски активности ќе ја претатсви новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Васко Наумовски. На седницата на Комисијата отчетно обраќање ќе имаат амбасадорот Ацо Спасеноски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Украина и амбасадорот Миле Манолев за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Арапската Република Египет.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење во второ читање.

Законодавно-правна комисија ќе расправа по Предлог-буџетот на Република Македонија за 2015 година, Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година и Предлог-законот за ратификација на Договорот за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување помеѓу Република Македонија и Република Словенија.