Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за градење и на Законот за поштенските услуги, двата во прво читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за транпорт, врски и екологија.

Единствена точка на седницата на Комисијата за надворешна политика е Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Програмата на Унијата Фискалис 2020.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за градење и на Законот за поштенските услуги, во прво читање и по Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Програмата на Унијата Фискалис 2020.