Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата се на дневерн ред на Комисијата за труд и социјална политика.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата, во второ читање, и за измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе се произнесе по предложените законски решенија кои се на дневен ред на двете горенаведени собраниски комисии, како и по неколку барања за автентично толкување на членови од конкретни закони.