Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии. Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања.

На дневен ред е наративен преглед на степенот на реализација на Националната  програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2015 година за трет квартал.

Седница е закажана и Комисијата за образование, наука и спорт на која ќе се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за иноватциска дејност.

Седница ќе одржи и Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето.