Македонија,Економија

Седум aтрактивни локации за влез на нови инвестиции во општина Илинден

Седум aтрактивни локации за влез на нови инвестиции во општина Илинден

Општина Илинден објави нови седум атрактивни локации на градежно земјиште, со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање. Пријавите можат да се достават до 7 октомври 2014 година до 16 часот.

Во прилог се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метри квадратни, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.