Магазин

Седум инспиративни лекции на Стив Џобс

Седум инспиративни лекции на Стив Џобс

Стив Џобс беше визионер кој инспирираше милиони. Затоа неговите изјави и неговите практични совети за живот се толку популарни. Ова се некои од поважните лекции кои ни ги остави.

1.Луѓето не знаат што сакаат се додека тоа не им го покажете

Стив сфатил дека „ на луѓето не треба да им го продадете својот производ, туку да им ги продадете нивните соништа за да ве следат“.

2.Морате да го најдете она што го сакате

Тој ја сакаше технологијата и наиде на идеален начин да ја упрости и да ја приближи до народот. Љубовта кон својата работа е суштинска за успех.

3.Поврзување на точки

Само ако се загледате во минатото, можете да сфатите што сте направиле добро, а што не било како што треба и да се унапредите себеси врз основа на старите грешки.

4.Свеста дека ќе умреме е најдобар начин да се избегне замката која создава размислување дека имате нешто што може да го изгубите

Сите ќе умреме, иако никој не сака да верува во тоа. Нема причина да не го следите своето срце и своите соништа. Немате од што да се плашите.

5.Останете млади, останете будалести

Експериментирајте, бидете гладни за знаење, постојано истражувајте. Не смирувајте се и обидувајте се да го направите она што ви изгледа невозможно и смешно ако видите поента во тоа.

6.Постојано развивајте се

Дарвин одамна рекол дека опстануваат најспособните, а не најсилните. Оние кои умеат да се приспособат, успеваат и да преживеат. „Епл“ не застана кај успехот со „Мекинтош“, туку постојано продолжи да ги поместува границите создавајќи производи кои луѓето очајно сакаат да ги имаат.

7.Малку е многу

Инспириран од зен филозофијата за минимализам, „Епл“ создаде револуционерни производи со едноставен дизајн кои се распродадоа уште првиот ден.