Седум карактеристики на хронично несреќните луѓе

Она што сите треба да го имаме на ум е дека секој од нас има лоши денови, па и недели, кога може да западне во овие седум зони. Разликата помеѓу среќниот и несреќниот живот е во тоа колку долго ќе останеме во нив.

Околу 40 отсто од капацитетот што можеме да го промениме за среќа е во наши раце. Постојат милијарди луѓе на нашата планета што се навистина среќни. Остатокот се наоѓа некаде помеѓу тагата и среќата, во зависност од денот. Постојат навики и особини што ги поседуваат само луѓето што се хринично несреќни.

  1. Живеете со уверување дека животот навистина е тежок

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок, но тежнеат кон тоа низ тешките времиња да поминат со ставот на љубопитност, а не да прават жртва од себе си. Тие ја преземаат одговорноста за тоа што се нашле во неред и настојуваат колку е можно побрзо да се извлечат од тоа.

  1. Верувате дека никому неможе да му се верува

Не велиме дека здравата поделба е неважна, но поголемиот број среќни луѓе им веруваат на нивните најблиски. Не мислат дека секој е против нив, туку веруваат во доброто во луѓето. Отворените лица што се пријателски настроените кон луѓето што ги среќаваат, полесно остваруваат заедница со среќните луѓе околу нив и ги запознаваат луѓето со отворено срце. Несреќните луѓе сметаат дека на непознатите неможе да им се верува, што им го отежнува создавањето на нови пријателства.

  1. Се концентрирате на тоа што е лошо во светот, а не на тоа што е добро

Постојат голем број лоши работи во светот, но она што е погрешно е тоа што несреќните луѓе остануваат глуви за она што е добро, а се сконцентрирани само на она што е лошо. Среќните луѓе се свесни за глобалните прашања, но се обидуваат да воспостават рамнотежа на нивната загриженост, фокусирајќи се само на доброто во светот.

  1. Се споредувате со другите и станувате љубоморни

Несреќните луѓе…