Крими хроника

Седум лица, меѓу кои две деца, во болница по пожарот во Тетово

Седум лица, меѓу кои две деца, во болница по пожарот во Тетово

Седум лица, од кои едно тригодишно дете и едно бебе, се задржани на лекување во тетовскиот Медицинските центар откако беа евакуирани од станбената зграда во која вчера попладне избувна пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од Кризниот штаб, велат од ЦУК, од зградата вкупно лекарска помош побарале 21 лице, од кои шест се задржни во болница, но се надвор од животна опасност. Бебето, старо само три месеци, се наоѓа во потешка здравствена состојба и е пренесено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Сите станари се згрижени кај свои роднини и пријатели, освен едно лице кое е во касарната во Тетово, информира ЦУК. Од страна на ЕЛС Тетово, на станарите од зградата им е доставена храна.