Седум лица повредени во 15 сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје, се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќајни незгоди со телесни повреди и осум со материјална штета.

При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 18 возачи го управувале возилото со брзина поголема од дозволената, еден возач е санкциониран поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, а девет возачи биле исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Поради технички неисправни возила од сообраќајот исклучени се четири возила и 10 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во однос на пешаците, санкционирани се девет пешаци бидејќи поминале на коловоз надвор од пешачки премин.

Санкциониран е по еден возач поради недавање првенство на минување и неправилно престројување и двајца возачи се санкционирани поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози, додека 81 возило е подигнато со „пајак”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.