среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Седум лица загинаа во ерупција на вулкан во Индонезија

Седум лица загинаа во ерупција на вулкан во западна Индонезија, соопштија денеска локалните власти, појаснувајќи дека телата ги пронашле спасувачките екипи.

133181149

Последни вести

Вулканот Синабунг во провинцијата Северна Суматра вчера почна да исфрла во воздухот облак од пепел висок дури три километри, изјави портпаролот на индонезиската Национална служба за вонредни состојби, Пурво Нугрохо.

Овој вулкан со векови не бележеше никакви активности, а во ерупцијата во 2010 година загинаа две лица, додека во 2014 година 16 лица.

Сите жртви на вчерашната ерупција работеле на своите имоти во селото Гамбер, оддалечено околу четири километри од вулканот, додека на видео-снимките од местото на ерупцијата се гледаат мртви домашни животни, прекриени со вулканска пепел.

Нугрохо изјави дека и натаму се трага по евентуалните преживеани.

Синабунг е само еден од 120-те активни вулкани во Индонезија, земја во која често има еруппции, бидејќи се наоѓа во т.н. Огнен појас на Пацификот.

Најчитани вести