Седум магични трикови за поисполнети усни

Како до совршени за помалку од 30 секунди
Како до совршени за помалку од 30 секунди

Голем број жени сонуваат за поисполнети усни. Еве неколку одлични трикови што ќе ви помогнат да го постигнете тоа. Овие трикови ќе направат вашите усни да изгледаат беспрекорно во само неколку потези.

  1. Негувајте ги усните

За усните да ви изгледаат бујно и пожелни, тие мора да бидат негувани. Повремено направете пилинг со четка за заби или со природен пилинг од мед и кафен шеќер. По овој третман нанесете балзам за усни. Тие ќе исгледаат природно, посвежо и поисполнето.

  1. Користете моливче

Поголем број жени знаат за овој трик, но мошне е  важно да го направите на правилен начин. Потребно ви е моливче во боја на кожата или во боја на ружот. Нанесете го малку над природниот раб на усните на оние места каде што сакатае да  ги зголемите, но не претерувајте, затоа што веднаш ќе се забележи дека не изгледаат природно.

  1. Светли бои

Откако ќе ги исцртате усните, нанесете кармин и тоа во светла нијанса. Ако користите потемни нијанси усните ќе ви изгледаат поситно.

  1. Користете сјај

Откако ќе нанесете кармин, можете да додадете и сјај за усни или да го користите само во комбинација со моливче. Постојат дури и сјаеви што се посебно направени на усните да им дадат посиполнет изглед.

  1. Омбре

Годинава голем хит е омбре ефектот на усните. За да го постигнете овој ефект потребни ви се две нијанси кармин, една потемна и една посветла. Нанесте ја основната боја, а потоа во средината нанаесете ја потемната боја.

  1. Ефектот на белото моливче

Белото или светло моливче нанаесете го веднаш над горниот раб на усните и добро натапкајте ја така што нема да се гледаат острите рабови. Така за миг визуелно ќе ги зголемите усните.

  1. Користете хајлајтер

Нанесете течна пудра или хајлајтер на пресекот над горните усни. Тие веднаш ќе ви пружат позаводлив и поисполнет изглед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.