Седум милиони луѓе годишно умираат од загаден воздух

Околу седум милиони луѓе годишно умираат поради изложеност на загаден воздух, според најновите проценки од Светската здравствена организација.

Амбиенталниот или надворешниот воздух кој е загаден предизвикал околу 4,2 милиони смртни случаи во 2016 година, додека загадувањето од домаќинствата што се создава при готвење со користење на загадувачки горива и технологии предизвикало околу 3,8 милиони смртни случаи во истиот период, покажува извештајот објавен денес.

Овие бројки соодвествуваат на бројот на смртни случаи забележани во студија која е работена претходно и која е објавена пред две години.

Нивото на загадување на воздухот останува опасно високо во многу делови од светот, според најновата студија на СЗО. Новите податоци покажуваат дека 9 од 10 луѓе дишат воздух кој содржи високи концентрации на загадувачи.

Над 90 отсто смртните случаи поврзани со аерозагадувањето се во неразвиените земји или земјите во развој главно во Азија и Африка, следени од неразвиените земји или земјите во развој од Источниот Медитеран, Европа и Америка, вели извештајот на СЗО.

Загадувањето не загрозува сите, но најсиромашните и најмаргинализираните луѓе го носат најголемиот товар. Неприфатливо е над 3 милијарди луѓе, а најголем број жени и деца меѓу нив, сè уште дишат смртоносен чад секојдневно, бидејќи користат загадувачки горива и технологии во нивните домови. Ако не преземеме итни мерки за да се намали аерозагадувањето, никогаш нема да бидеме блиску во создавање на одржлив развој, кажа Тедрос Адханом Гебријес, генералниот директор на СЗО.

СЗО го препознава аерозагадувањето како ризик фактор за појава на не-заразни болести, предизвикувајќи една четвртина или 24 проценти од сите смртни случаи кај возрасните од срцеви заболувања, 25 проценти од мозочни удари, 43 отсто од хронична опструктивна белодробна болест и кај 29 отсто од случаите со рак на бели дробови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.