Седум мртви бебиња пронајдени во куќа во Германија (ВИДЕО)

Седум мртви бебиња пронајдени во куќа во Германија
Седум мртви бебиња пронајдени во куќа во Германија

Хорор го потресе светот. Тела на седум бебиња се пронајдени во стан во Германија. Бебињата биле пронајдени во стан на пар во јужна Германија.

Според податоците од светските медиуми, телата ги откриле лекари кои биле викнати во домашна посета. Според неофицијалните податоци, лекарите наишле на хорор сцена кога во станот затекнале седум безживотни тела на бебенца.

Полицијата допрва треба да ги утврди деталите за тоа во какви околности настанала смртта. Форензичарите се наоѓаат во станот и ја испитуваат ситуацијата.

Според податоците, во станот живеел пар кој има неколку деца од неколку бракови зад себе. За таткото се зборува дека е доста активен по ноќните клубови, во гратчето во кое има 3.000 жители. Сепак, соседите ги опишуваат него и неговата сопруга како добри луѓе.

– Мајката секогаш добро се грижи за нив, вели соседка за германските медиуми.

Во текот на денот ќе се објават резултатите од обдукцијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.