Седум мртви во пад на кран во Кина

Во јужниот кинески град Гуанжу седум лица загинале, а уште две се повредени кога врз нив се урнал кран, соопштија во неделата државните медиуми.

Несреќата се случила во саботата околу 6,30 часот по локално време на градилиште во округот Хаижу, пренесува новинската агенција Xinhua.

Двете повредени лица се хоспитализирани и нивната состојба е стабилна, додава агенцијата, повикувајќи се на соопштението на владата на споменатиот округ.

Покрената е истрага за причината за несреќата, додаваат локалните власти во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.