вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Седум нови правила за породувањето

poroduvanje

Поврзани вести

Голем број жени уште додека биле мали случале дека породувањето е нешто „страшно“. Но, начинот на кој што се породувале нашите баби, па и мајки во голема мера се разликува од начинот на кој жените се породуваат денес.

Еве каква била праксата во минатото, а кои се денешните трендови:

Некогаш: Царскиот рез бил закажуван помеѓу 37. и 38. недела

Сега: Морате да бидете најмалку во 39. недела од бременоста за лекарот да закаже интервенција.

Овие неколку последни недели воопшто не се пријатни, но на тој начин има шанса и породувањето да се случи по природен пат. Бебињата родени пред 39 – тата недела може да имаат здравствени проблеми, како и проблеми во развојот. Меѓутоа, Американскиот колеџ за акушери ги советува лекарите да чекаат дури и до 41. недела, па дури потоа да закажуваат царски рез.

Секако, постојат и некои исклучоци. Доколку постојат компликации како што се прееклампсијата, гестациски дијабетес или некои други фактори на ризик, лекарот може да го закаже царскиот рез и порано, така што тоа ќе биде безбедно и за бебето и за мајката.

Некогаш: За време на породувањето жедта се гаснела само со навлажнување на усните

Сега: Можете да пиете вода, дури можете да земате и полесни оброци

Натопената газа за гаснење на жедта се користела уште пред 50 години кога жените примале општа анестезија доколку се породувале со царски рез или биле под поголем ризик од аспирација. Денес, поголемиот дел идни мајки наместо општа анестезија примаат епидурална или спинална анестезија. Современите методи на давање општа анестезија, исто така во голема мерка го намалуваат ризикот од аспирацијата. Како резултат на тоа сосема е дозволено да пиете вода, сок, пилешка супа или кафе.

Некои лекари дозволуваат лесни оброци, затоа што голем број истражувања покажуваат дека нема опасност од храната непосредно пред породувањето. Секако, треба да внимавате на мрсната или на храната што тешко се вари затоа што голем број жени за време на породувањето може да повратат.

Некогаш: Епидуралната инјекција не се давала се додека жената не биде четири до пет сантиметри отворена

Сега: Немора да се чека!

Лекарите во минатото сметале дека ако предвреме ви дадат епидурална инјекција, тоа би можело да ги зголеми шансите за царски рез. Но, поновите истражувања дошле до заклучок дека тоа не е точно. Некои од истражувањата потврдиле дека жените ѓто порано ќе добијат епидурална имаат пократко породување

Некогаш: Докторите практикувале царски рез доколку породувањето траело предолго

Сега: Породувањето може да трае

Се испостави дека лекарите имале погрешна слика за тоа колку време би можело всушност да трае породувањето, појаснува гинеколгот Ејрон Б. Кохеј од Портленд. Тој вели дека лекарите, а и идните мајки би требало да бидат трпеливи.

Некогаш: Жените што еднаш имале царски рез секој следен пат се пораѓале на ист начин

Сега: Лекарите ги советуваат идните мајки второто дете да го донесат на свет по природен пат

Некогаш било пракса, ако сте имале еден царски рез, секое следно породување да биде на тој начин. Но, лекарите сега велат дека вагиналното породување по царскиот рез има многу поголеми шанси.

Секој царски рез го зголемува ризикот од поголем број компликации, како што се обилни крварења, инфекции и пореметувања на плацентата, што може да биде опасно по животот, појаснува доктор Кохеј.

Некогаш: Лекарите веднаш ја пресекувале папочната врвка

Сега: Лекарите дури по неколку минути ја сечат папочната врвка

Со гдини се применувала стандардната процедура веднаш по породувањето да се пресече папочната врка. Но по неодамнешното истражување таа пракса престана да се применува, затоа што било утврдено дека одложувањето на пресекувањето на папаочната врвка може да го зголеми нивото на железо во крвта на новороденчето и да го намали ризикот од анемија.

Плацентата пулсира слично на отчукувањата на срцето и на тој начин го зголемува дотокот на крвта кај новороденчето, што може да го намали ризикот од анемија дури шест месеци по породувањето, појаснува Кетлин Берчелман, педијатар во детската болница Сент Луис. Единствено лошо што може да се случи доколку премногу се чека за пресекување на папочната врвка е зголемен ризик од жолтица, која мошне лесно се третира.

Некогаш се сметало дека засекот кај жените што не се еластични и кои на породувањето „пукаат“ потешко зараснува и потешко се шие од заекот што настанал со епизотомија. Но, врз основа на овеќе истражувања, било востановено дека тоа не е точно. Имено, истражувањата докажале дека на засекот од епизотомија му треба многу повеќе време за да зарасне, а исто така предизвикува поголема болка од  „природниот засек“. Потоа, можни се инфекции и зголемен е ризикот од инконтиненција во месеците или годините по породувањето.

Епизотомијата секако, понекогаш е неопходна, како во ситуација кога бебето е во опасност, па лекарот мора да го забрза породувањето. Но, во голем број земји, епизотомијата и понатаму се извршува рутински.

Најчитани вести