Седум парцели на продажба во населбата Јака, пријавување до утре

Општина Илинден објави продажба на уште 7 парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до утре до 16 часот.

Градежните парцели се наоѓаат во новата населба „Јака“, која се наоѓа во општина Илинден, на само 10 километри од центарот на градот Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

Во прилог се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната епарцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метри квадратни, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

Листа на парцели, табеларен преглед, услови, почетни цени и упатство PDF: КОМПЛЕТНА ОБЈАВА

Прилог PDF: ДЕТАЛЕН ПЛАН – Локалитет Јака

Линк: Локацијата на Google Maps

Прилог PDF: БЛАНКО ПРИЈАВА за учество во постапка за отуѓување на градежно земјиште

Општина Илинден нуди 4 бесплатни проекти за семјeни куќи – БЕСПЛАТНИ ПРОЕКТИ