четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 2

Седум повредени во 20 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди, од кои во шест со лесни телесни повреди се здобиле седум лица, а 14 поминале само со причинета материјална штета.

сообраќајки

Поврзани вести

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 10 сообраќајни незгоди. Во пет од нив со полесни повреди се здобиле пет лица, а во пет е причинета материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Две лица со полесни телесни повреди се здобиле во една сообраќајна незгода, а причинета е материјална штета во шест незгоди.

Вчера е извршен увид на три сообраќајни незгоди и истите се само со причинета материјална штета.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 67 возачи кои со возилото се движеле со поголема брзина од дозволената, 13 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 18 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 85 непрописно паркирани возила

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 128 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Најчитани вести