Седум правила на Французинките што ќе направат чудо за вашиот изглед

Не постои ниту една жена на светот што не сака секојдневно да изгледа преубаво, негувано и привлечно.

Токму поради тоа секое утро одвојуваме време пред огледалото додека го дотеруваме до максимум нашиот изглед. Меѓу најубавите жени во светот секако се Французинките затоа ви пренесуваме неколку од нивните ритуали за убавина што ќе направат чудо за вашиот изглед.

  1. Користете маска секоја недела

Не е тајна дека Французинките се мрзеливи. Тоа ни го потврдија и неколку досегашни анализи. За разлика од Јапонките, па и големиот број други Европјанки, Французинките избегнуваат да користат по неколку креми и други препарати за лице, туку се потпираат на моќта на хидратацијата и лицето го негуваат со помош на маски за лице. А нема подобар и побр начин за да го исчистите вашето лице и да му пружите прилика да заблеска и да изгледа младешки, меко и негувано. Исто така, ако сте противник на шминката, маските се добар начин за вашиот природен изглед да биде свеж и природен.

  1. Хранете се правилно

Токму Французинките не убедија во тврдењето дека „на вашето тело се гледа како се храните“ или „вие сте тоа што го јадете“. Исхраната кај Французите е мошне важна. Тие ретко конзумираат нездрава храна, се придржуваат до паролата „неколку оброци дневно“, јадат со уживање и внимателно ги бираат продуктите. Па затоа не е чудо што изгледаат витко и здраво. Па доколку сакате да имате негувана, сјајна кожа, фит тело и високо ниво на енергија, водете малку повеќе сметка за храната што ја конзумирате.

  1. Поретко мијте ја косата

Најверојатно мошне ви е тешко да се придржувате до овој предлог. Посебно да не ја миете косата 3 до 4 дена. Французинките исто така не користат толку многу препарати за косата. Тоа е токму затоа што сакаат растурени фризури што станаа славни токму поради нив.

  1. Избегнувајте тешка шминка

Нема ниту една причина за премногу да се шминкате, освен ако не се подготвувате за маскенбал. Тешката шминка ви ги затвора порите и предизвикува појава на акни. На пример, поголемиот број Французинки воопшто не користат пудра и од дома излегуваат само со кармин, шик клепки и евентуално многу малку руменило.

  1. Секогаш користете прафем

Можеби и ви се чини дека е чудно што ова го споменуваме, затоа што сите користат парфем, но има и жени што забораваат. За Французинките не е дозволиво да излезат од дома без парфем. Тие веруваат дека нема ништо поубаво од тоа кога зад жената ќе остане трага од заводлив мирис.

  1. Суптилно нагласете го вашиот сексапил

Фрнацузинките се познати по одличниот стил, а ако сте забележале, тие не откриваат премногу од нивното тело. Деколтето е секогаш дискретно, шлицот е скриен, амтеријалите се раскошни а боите се затемнети.

  1. Носете минимален накит

Исто како и со шминката. Масивниот, акцентиран накит воопшто не е нивен избор. Доколку сакате да изгледате како Французинка, тогаш носете минимален накит. Изберете некои елегантни обетки и тенка сребрена огрлица што ќе ја носите под блејзерот или под свилената блуза, така што ќе ви падне во деколтето. Доколку баш сакате да носите масивен накит, тогаш носете големи прстени, но не повеќе од еден прстен.